Здравство
Сали за МТВ: Високата смртност директно поврзана со нискиот процент на имунизација
17.02.2022 16:56
Интервјуто на Фиљана Кока со министерот за здравство, Беким Сали гледајте го во Дневник 2 на МРТ...

Високата смртност во земјава, освен поради непочитување на златното тројно правило, е директно поврзана со нискиот процент на имунизација со вакцини, која е најдобрата заштита од заразата, вели во интервјуто за МТВ, министерот за здравство Беким Сали. Се прават анализи на населението за да се утврди кои коморбидитети ги имаат, а кои преставуваат ризик за смртен исход, за да се вакцинираат преку матичните лекари, додава Сали.
