Македонија

Пендаровски и Ковачевски на 58-та Минхенска конференција за безбедност

18.02.2022 08:43

На конференцијата учествуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади, како и стотина министри и шефови на меѓународни организации.

Претседателот Стево Пендаровски и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски ќе учествуваат на 58-та Минхенска безбедносна конференција, што од денеска до недела ќе се одржи во Минхен, Германија.

На конференцијата учествуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади, како и стотина министри и шефови на меѓународни организации. Темата на годинашното издание е меѓународната соработка во време на растечки кризи. На Минхенската безбедносна конференција, претседателот Пендаровски предвидено е да оствари повеќе средби.

Во фокусот на разговорите ќе биде европската интеграција и безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор. Премиерот Ковачевски, пак, ќе се сретне со лидери од регионот и други претставници на држави и меѓународни организации.