Бразил

Расте бројот на жртви во поплавите и свлечиштата

18.02.2022 08:59

Градската управа на Петрополис прогласи тридневна жалост.

Расте бројот на загинати во лизгањето на земјиштето во бразилскиот град Петрополис. Се очекува дополнително да се зголемува. Ова е најголемо количество дожд од 1932 година во Петрополис.

Градската управа на Петрополис прогласи тридневна жалост. Иселените жители се сместени во училишта и прифатилишта. Повеќе од 300 луѓе морале да ги напуштат своите домови.