Свет

Лукашенко најави средба со Путин

18.02.2022 09:12

Белорускиот лидер не кажа дали руските трупи ќе почнат да ја напуштаат неговата земја по маневрите, но истакна дека „нема потреба за создавање руски воени бази во Белорусија“.

Лидерот на Белорусија Лукашенко најави средба со рускиот претседател Путин на 18 февруари за да разговараат за „понатамошните активности“ во врска со заедничките воени сили додека двете земји заедно одржуваат воени вежби.

Белорускиот лидер не кажа дали руските трупи ќе почнат да ја напуштаат неговата земја по маневрите, но истакна дека „нема потреба за создавање руски воени бази во Белорусија“. Рускиот министер за надворешни работи Лавров рече дека вежбите ќе завршат според планираното на 20 февруари, но не коментираше дали руските сили веднаш ќе заминат.

Министерот за надворешни работи на Белорусија Владимир Макеј на 16 февруари кажа дека руските трупи целосно ќе се повлечат од Белорусија по завршувањето на вежбите.