Украинска криза

Блинкен: Сè уште има шанса Русија да го смени курсот

18.02.2022 09:22

Единствениот одговорен начин да се реши кризата околу трупањето војска во близина на Украина е дипломатијата.

Американскиот државен секретар Блинкен изјави пред Советот за безбедност на ОН дека Русија „презема чекори по патот на војната“, но единствениот одговорен начин да се реши кризата околу трупањето војска во близина на Украина е дипломатијата.

Ја повика Русија да „избере поинаков пат“ и да избегне војна што ќе влијае врз животите и безбедноста на милиони луѓе.