Почнува скринингот во основните училишта
Скринингот се спроведува поради зголемениот број новозаболени ученици. Во средните училишта, состојбата е стабилна, но ќе се следи.

Денеска почнува скринингот во основните училишта кој треба да покаже каква е трансмисијата на Ковид-19 меѓу учениците. Скринингот се спроведува поради зголемениот број новозаболени ученици. Во средните училишта, состојбата е стабилна, но ќе се следи.
Претседателот на Комисијата за заштита од заразни болести, Александар Петличковски, вчера соопшти дека скринингот ќе се одвива во училиштата, а децата чии родителите дале согласност, ќе бидат тестирани со брз тест во училиштата и нема да има потреба да ги носат во центрите за јавно здравје како што првично било планирано.
На овој начин сакаме да им олесниме пристап до тестовите и тоа да биде со минимум компликации по нив, додаде Петличковски.
Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 1.117 случаи од направени 3.513 тестирања. Од нив, 154 се реинфекции. Починати се 14 починати, а уште осум се пријавени за починати со дијагноза ковид.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 290.915. Бројот на оздравени пациенти е 273.243, на починати 8.851, а бројот на активни случаи изнесува 8.821 од кои 4.974 се во Скопје.
