Политика

Османи ќе учествува на 58-та Минхенска безбедносна конференција

18.02.2022 09:38

За време на Конференцијата, Османи ќе учествува на повеќе панели посветени на транс-атлантската безбедност, соработката на НАТО и ЕУ и други теми.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи од денес ќе учествува на 58-та Минхенска безбедносна конференција, информираат од МНР.

За време на Конференцијата, Османи ќе учествува на повеќе панели посветени на транс-атлантската безбедност, соработката на НАТО и ЕУ и други теми. Во организација на сојузната министерка за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, министерот Османи ќе учествува на посебен настан заедно со министрите за надворешни работи од Западен Балкан, а ќе има и свое излагање на настанот „Празнината во срцето на Европа? Враќање кон Западен Балкан“.  Исто така, ќе оствари билатерални средби со неговите хомолози и високи претставници на меѓународни организации.

Минхенската безбедносна конференција (MSC) се етаблираше како водечки глобален форум на кој бројни претседатели на држави, шефови на влади и министри, како и највисоки претставници на најзначајните меѓународните органи најзначајните меѓународните организации за безбедносни прашања дискутираат за актуелните и идните безбедносни предизвици. Во фокусот на ова 58 издание на Минхенската конференција за безбедност, оваа година ќе биде посветена на темата „Меѓународната соработка во време на растечки кризи“.