Здравство

Матичните лекари на предупредувачки протест

18.02.2022 09:43

Бараат основен пакет на услуги за пациентите, зголемување на капитацијата, како и да нема казни за матичните лекари за административни пропусти во време на пандемија.

Матичните лекари за денеска најавија предупредувачи протест. Нема да издаваат рецепти, ниту упати од „Мој термин“, а ќе примаат само итни случаи. Бараат основен пакет на услуги за пациентите, зголемување на капитацијата, како и да нема казни за матичните лекари за административни пропусти во време на пандемија.

Матичните бараат и воведување на минимална партиципација. Предлагаат да се плаќа 50 денари за прв влез во месецот, а преостанатите прегледи да не ги плаќа пациентот.

За денеска се најавува и средба со заменик- министерот за здравство Рендевски.