Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Дипломатијата на СДСМ и ДУИ водена од презентер на вести и непотизам

18.02.2022 09:43

Имено откако неколку медиуми врз основа на владини извори потврдија дека Владата на затворена седница ги именувала ТВ презентерката Бесмира Ејупи за генерален конзул во Њујорк, а Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго, денес владата невешто демантира.

„Ковачевски се заплетка со скандалот за именување на конзули во Њујорк и Чикаго. Имено откако неколку медиуми врз основа на владини извори потврдија дека Владата на затворена седница ги именувала ТВ презентерката Бесмира Ејупи за генерален конзул во Њујорк, а Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго, денес владата невешто демантира. Патем демантот е делумен, односно се однесува само за изборот на Бесмира Ејупи, а не и за Петрит Муслиу, синот на провладиниот аналитичар Алберт Муслиу“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дали владата ја лаже македонската јавност и крие одлуки од затворената седница, бидејќи медиумите ја потврдија веста од повеќе владини избори претходно, второ зашто се чекало 24 часа да ја демантираат веста, трето зашто го демантираат само изборот на Бесмира Ејупи и четврто според кои критериуми Муслиу бил избран за конзул во Чикаго.