Партии
СДСМ: Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени на суд, Мицкоски да поднесе оставка
18.02.2022 09:53
Додаваат дека покрај признанијата на поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ за нивните криминали, судовите докажаа дека ја злоупотребувале служебената положба.

„Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка по признанието на врхушката на партијата дека дејствувале како злосторничко здружение во Титаник“, велат во соопштението од СДСМ.
Додаваат дека покрај признанијата на поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ за нивните криминали, судовите докажаа дека ја злоупотребувале служебената положба, фалсификувале документи, местеле тендери во РЕК, дека преку фирми на нивни партиски послушници се затајувал данок, се уништувале докази од кои дел се однесувале на незаконско прислушување.
