Ливерпул со гостинска победа над Интер, Баерн ремизираше со Салцбург

17.02.2022 11:02

Двата гола беа постигнати во второто полувреме во период кога иницијативата ја имаше Интер. Најпрво Фирмино го отвори резултатот во 75. минута, а осум минути подоцна Мохамед Салах го постигна конечниот резултат.

Фудбалерите на Ливерпул направија голем исчекор кон пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако вечерва во Милано го совладаа Интер со 2:0. 

Двата гола беа постигнати во второто полувреме во период кога иницијативата ја имаше Интер. Најпрво Фирмино го отвори резултатот во 75. минута, а осум минути подоцна Мохамед Салах го постигна конечниот резултат.

На другиот вечерашен дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите, Салцбург и Баерн одиграа нерешено 1:1. Домаќините поведоа во 21. минута со голот на Жуниор  Адаму, Баерн се спаси од пораз со погодокот на Кингсли Коман во 90. минута.

Реваншите се закажани за 8-ми март.