„Европа Ре“ за осигурување од природни и елементарни непогоди
Целта на проектот е на сопствениците на домови, земјоделците како и на компаниите да им се обезбеди пристап до прифатливо осигурува...

Државата влегува во проект за осигурување од природни и елементарни непогоди. Заедно со Светска банка, но и владите на Србија и Албанија, ја формираше реосигурителната компанија Европа Ре која ќе застане зад ризиците од природни катастрофи. Целта на проектот е на сопствениците на домови, земјоделците како и на компаниите да им се обезбеди пристап до прифатливо осигурување.
„Анализите покажуваат дека земјите од Југоисточна Европа се исклучително ранливи на поплави, суши и други појави предизвикани од климатските промени, како и на ризици од земјотреси, лизгање на земјиштето и слични елементарни непогоди. За тоа говори и податокот на Светска банка дека претпоставените економски штети кои можело да ги претрпи Македонија и нејзината екононија од евентуални слични елементарни непогоди може да достигнат и до 40 проценти од БДП, што е над две милијарди долари, истакна Ставрески на денешниот официјален почеток на Европа Ре“, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Новите осигурителни производи ќе се продаваат преку постојаните локални осигурителни компании кои ќе учествуваат во Европа Ре програмата.
„Ние испраќаме исклучително важна порака на македонските граѓани и деловниот сектор во Македонија дека од денеска добиваат ефектовен одговор и реагираше на предизвиците што ги поставува природата преку Европа Ре“, вели Хајнц Фоленвајдер, главен извршен директор на Европа Ре.
Според податоците на Министерството за финансии секоја година од буџетот се одвојуваат околу 90 милиони денари за покривање штети од елементарни непогоди.
Соња Јованова- Наумовска
