ЗОИ
Финска во финале на хокеарскиот турнир
18.02.2022 11:06
Финска поведе со голот на Сакари Манинен во првата третина и предноста ја чуваше до завршницата, кога Хари Песонен стави печат на триумфот и пласманот во финалето.

Хокеарите на Финска се пласираа денеска во финалето на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, откако ја совладаа Словачка со 2-0 (1-0, 0-0, 1-0).
Финска поведе со голот на Сакари Манинен во првата третина и предноста ја чуваше до завршницата, кога Хари Песонен стави печат на триумфот и пласманот во финалето.
За Финска ова е трето финале во историјата на ЗОИ, а двата пати беа поразени (1998, 2006). Подоцна денеска во второто полуфинале играат Русија и Шведска.
