Македонија

РСБСП: Брзото возење - доминантна причина за сообраќајните незгоди со фатални последици

18.02.2022 11:16

Неприлагодената брзина на условите на патот предизвикува особен ризик од сообраќајни инциденти кои неретко завршуваат со трагичен крај. Во денешниот технолошки напредок, кога возилата имаат поголема моќност и брзина на движење, сè повеќе се става акцент на регулирањето на брзината во и надвор од населени места...

Брзината е идентификувана како клучен фактор на ризик за безбедноста во патниот сообраќај, кој влијае и на ризикот од сообраќајни незгоди, како и на сериозноста на повредите кои се резултат на сообраќајни незгоди, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

„Неприлагодената брзина на условите на патот предизвикува особен ризик од сообраќајни инциденти кои неретко завршуваат со трагичен крај. Во денешниот технолошки напредок, кога возилата имаат поголема моќност и брзина на движење, сè повеќе се става акцент на регулирањето на брзината во и надвор од населени места. Брзината предизвикува грешки кои тешко може да се отстранат доколку возилото се движи брзо. При голема брзина тешко може да се избегне пречка на патот, а се намалува и навременото запирање на возилото“, се наведува во соопштението.

Статистиката, на која се повикуваат од РСБСП, вели дека брзото возење и понатаму останува доминантна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици.