Европа

Се запали траект пловејќи од Грција за Италија, спасените патници се пренесуваат на Крф

18.02.2022 12:45

Според грчките медиуми, околу десет лица кои се наоѓаат на листата патници, не се во чамците за спасување. Се претпоставува дека воопшто и не се качиле на траектот. Точниот број на спасени, евентуалниот број на исчезнати ќе биде познат откако сите патници ќе се пренесат на Крф и ќе заврши процесот на идентификација.

Се пребројуваат спасените патници и членови на екипажот од траектот „Еурофери Олимпија“ што се запали додека пловеше од Грција за Италија. Траектот под италијанско знаме се наоѓал во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса и се движел од Игуменица за Бриндизи кога пламените јазици го прогалтале пловилото.

Според грчките медиуми, околу десет лица кои се наоѓаат на листата патници, не се во чамците за спасување. Се претпоставува дека воопшто и не се качиле на траектот. Точниот број на спасени, евентуалниот број на исчезнати ќе биде познат откако сите патници ќе се пренесат на Крф и ќе заврши процесот на идентификација.

На траектот имало вкупно 290 лица. Според сведоштвата, капетанот околу 4.30 часот информирал дека сите треба веднаш да ги напуштат кабините по што со елеци за спасување биле евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на крајбрежните служби.

Во близина на траектот се четири патролни и еден спасувачки брод на Грчката крајбрежна служба, чамец на Италијанска економска полиција, четири хеликоптер, од кои два од военото воздухопловство и по еден од крајбрежната служба и воената морнарица.

 

Маријана Димовска