Македонија

Од утре увид во Избирачкиот список за локалните избори во Центар Жупа и Маврово – Ростуше

18.02.2022 12:58

ДИК денеска на редовна седница, изгласа продолжување на примената на три упатства кои беа важечки за Локалните избори во 2021 година...

Од утре, 19-ти февруари, почнува јавниот увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК во општините Центар Жупа и Маврово – Ростуше каде на 17-ти април треба да се одржат избори за градоначалници.

ДИК денеска на редовна седница, изгласа продолжување на примената на три упатства кои беа важечки за Локалните избори во 2021 година: Упатство за начинот и постапката на поднесување прием и потврдување на кандидатските листи донесено на 25 август 2021 година, Упатство за начинот на именување членови на избирачки одбори по предлог на политичките партии донесено на 3 септември 2021 и Упатство за изгледот на беџовите за идентификација донесено на 25 август 2021 година.

Останатите упатства кои биле донесени наменски за Локалните избори во 2021 година, ќе се ревидираат, односно корегираат и прилагодат на следната седница на ДИК, по што ќе бидат и донесени како посебни акти, соопшти Борис Кондарко, образложувајќи ја оваа точка од дневниот ред на седницата.