Влада

Разговори за зголемување на пензиите

18.02.2022 13:24

Течат разговорите за зголемување на пензиите. На средбата меѓу владините претставници и здруженијата на пензионерите во Владата ќе биде дискутирано и за дополнителниот финансиски пакет за оваа категорија граѓани...

Преставниците на Партијата не пензионерите и Сојузот на пензионери на средба со заменик- претседателот на владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Од Партијата на пензионери велат дека очекуваат да се усогласат нивните ставови, во интерес на пензионерите. Подговтиле неколку предлози.

Едниот предлог е за секоја пенизја едната половина да се усогласи со растот на трошоците на живот, а другата со растот на просечната плата во државата. Другиот предлог е тој сооднос да биде 60 отсто со растот на трошоците на живот и 40 отсто со просечната плата.

Од владејачката партија со став дека покрај редовното законско усогласување на пензиите кое се спроведува два пати годишно, оваа година ќе следува и дополнителна финансиска помош за околу 330.000 пензионери, а начинот на реализација на оваа мерка ќе се донесе низ отворен и инклузивен процес на преговори, со цел да се најде најдоброто и најефикасно решение.

Пензискиот фонд е стабилен и може да реализира ново покачување на пензиите. Новата методологија која ќе се изработи низ овој дијалог ќе обезбеди одржлив и континуиран раст на пензиите.

По завршување на состанокот се очекува изјава за медиумите да дадат сите засегнати страни.

Марина Стојанова Тонева