Тензична атмосфера во Собрание на Комисијата за образование
Предлог-измените на законите за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и за бирото за развој на образованието, двата во прво читање, пред матичната комисија сè уште од мај минатата година.

Повторно тензично на продолжението на собраниската комисија за образование, наука и спорт. Несогласувања меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и претседателката на комисијата. Лазаревска тврдеше дека бил изгласан на седницата на 17 јуни лани, од опозицијата негираа дека дневниот ред тогаш бил усвоен и побараа снимка од таа седница. Инсистираа на процедурални излагања пред усвојување на дневниот ред.
Блокадите на законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование се претворија во обиди за физичко насилство, закани и хаос, велат од СДСМ. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ е против наставниците и не бира средства да го спречи покачувањето на нивните плати.
По еден час пауза, седницата продолжи со процедуралните забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Предлог-измените на законите за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и за бирото за развој на образованието, двата во прво читање, пред матичната комисија сè уште од мај минатата година.
Милчо Велески
