Прилеп

Постојана е борбата за социјална правда

18.02.2022 13:38

Во пресрет на Светскиот ден на социјалната правда, 20-ти февруари, во Прилеп прва трибина за тоа што треба да се направи за достоинствен нживот за сите. Неопходни се суштински социјални реформи...

Пандемијата дополнително го продлабочи јазот на нееднаквоста, на нерамноправноста, се бориме со бројките на невработеност, со тоа дека 455.000 семејства живеат во сиромаштија,а секое четврто дете живее во таа сиромаштија, беше нагласено на првата трибина во Прилеп за социјалната правда на секој чен на општеството. Јазот помеѓу социјалната нееднаквост е поголем во руралните средини.

Потребни ни се суштински социјални реформи преку кохерентни социјални политики. Не е целта само сиртомаштијата, туку таа да не генерира нови случаи.

Надлежните велат- државата пред две години донесе пакет мерки за подобра социјална заштита. Освен тоа се битни активационите планови да се бара работа за работоспособните социјални корисници.

Во пресрет на денот на социјалната правда, 20-ти февруари  се нагласува заедничката борба на општеството за достоинсвен живот на секој поединец.

Елизабета Митреска