Мицкоски на средба со Касами за предвремени избори
Социјалдемократите и ДУИ сметаат дека предвремени избори не се потребни.

Во длабоката политичка криза помешана со здравствената, економската и енергетската се погласни се обвинувањата меѓу власта и опозицијата кој е виновен за состојбите и кој ги кочи процесите. Најгласно се бараат оставки, но и се препукуваат за предвремени избори. Опозицијата бара, власта не дозволува. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вели има план и стратегија што ќе доведе до предвремени избори. Деталите не ги открива, ниту најавува дали членството на партијата ќе излезе на протести.
По средбата со Мицкоски во Тетово и лидерот на Беса Касами најавува координирање на опозицијата за што побрзи избори. Касами вели треба да се почитува волјата на народот,а тоа е можно преку одржување на изборите.
Социјалдемократите и ДУИ сметаат дека предвремени избори не се потребни, туку актуелната власт треба да го истурка целиот мандат имајќи предвид дека, како што велат, имаат стратегија за надминување на актуелните кризи.
Миле Ристески
