Почна скринингот во неколку основни училишта во Скопје
Голем е интересот за учество во скринингот и досега се добиени околу 5.000 согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје, велат од Министерството за здравство...

Во неколку основни училишта почна скринингот за Ковид-19. Во првата фаза од процесот се обработуваат добиените согласности од родителите. Од Министерството за здравство информираат дека интересот е голем и досега се добиени 5.000 согласности во основните училишта во Скопје. Основците ќе се тестираат во понеделник.
Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник. Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје, велат од Министерството за здравство.
За спроведувањето на скирингот образование и здравство се во постојана кординација. Министерот Шаќири вели дека го исполниле нивниот дел од обврските.
Дел од основните училишта за МТВ велат дека веќе ги обезбедиле потребните согласности. Голем дел од родителите пројавиле интерес нивните деца да се тестираат.
Поради сѐ поголемиот број на деца до 14 години заразени со Ковид- 19, Комисијата за заразни болести иницираше скрининг кај основците за да се превенира ширењето на вирусот.
Скринингот треба да помогне да се анализира моменталната состојба со коронавирусот и да се види каква е трансмисијата во училиштата.
Викторија Милевска
