Шаќири: Подигнување на инклузивноста во образовниот систем
Директорката на Центарот за аутизам во Тетово, Геци истакна дека соработката помеѓу институциите на системот и граѓанските организации кои работат на ова поле треба уште повеќе да се продлабочи, затоа што и двете страни имаат идентична цел.

Инклузијата во образовниот процес на децата со посебни образовни потреби и можностите за подобрување на овој процес беше тема на разговор на денешната средба помеѓу министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорката на центарот за аутизам „Летај за живот“ – Тетово, Фатјона Геци.
Министерот Шаќири потенцираше дека МОН продолжува со имплементација на новата концепција за основно образование, во чија основа е интегрирана токму инклузивноста, а тоа подразбира повеќе заложби за подобрување на условите за едукација на учениците со попреченост.