Бурата „Јунис“ се движи кон Лондон
Се смета дека ова е една од најтешките бури што ќе го погоди Обединетото Кралство во последните неколку децении.

Британската метеоролошка служба издаде црвено предупредување за областа околу Лондон и југоисточна Англија поради силните ветрови што ги донесе бурата „Јунис“. На милиони луѓе им е наредено да останат дома.
Стотици училишта ќе бидат затворени, сите возови во Велс се суспендирани, а армијата е на готовс. Се смета дека ова е една од најтешките бури што ќе го погоди Обединетото Кралство во последните неколку децении. Откако бурата Иленија изминатите денови погоди голем дел од Германија и го поплави Хамбург, таа продолжи да беснее во Полска и нанесе голема материјална штета. Невремето во Полска оштети 190 куќи и откорна покриви на 54 згради.
