Канада
Уапсени организаторите на „Конвојот на слободата“
18.02.2022 15:04
Според канадскиот премиер Џастин Трудо конвојот и нанесе на државата голем економски удар и создаде политичка криза.

Уапсени двајцата главни организатори на протестите на канадските камионџии. Иницијаторите на таканаречениот „Конвој на слободата“ се лишени од слобода во канадскиот главен град.
По повеќенеделните демонстрации и блокади кои ги затворија граничните премини кон САД канадската влада воведе вонредна состојба, првпат во историјата. Според канадскиот премиер Џастин Трудо конвојот и нанесе на државата голем економски удар и создаде политичка криза. Овие протести инспирираа слични конвои во Франција, Нов Зеланд и Холандија.
