Бесими: Зелената и дигитална транзиција во фокусот на ПЕР 2022-2024
Во насока на економското закрепнување се и активностите предвидени за фискална одржливост во наредниот среднорочен период, со истовремена поддршка на капиталните инвестиции, а во согласност со Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, како и Планот за забрзан раст и Интервентниот инвестициски план.
Економско закрепнување, зелена транзиција и модернизација на енергетскиот сектор, подобрување на образовниот систем, здравството, пазарот на труд и социјалната вклученост, како и дигиталната транзиција и зајакнување на конкурентноста на домашните компании и нивно интегрирање во глобалните синџири на вредност се главните предизвици поставени со Програмата за економски реформи во следниот тригодишен период.
Како што соопштија од Министерството за финансии, поставените приоритети и мерките вклучени во нив се во линија со приоритетите и препораките на Европската комисија за земјата. Во насока на економското закрепнување се и активностите предвидени за фискална одржливост во наредниот среднорочен период, со истовремена поддршка на капиталните инвестиции, а во согласност со Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, како и Планот за забрзан раст и Интервентниот инвестициски план.
Ова беа главните заклучоци од состанокот на високо ниво одржан по повод оценската мисија за Програмата за економски реформи за периодот 2022-2024 година. Од страна на Европската комисија состанокот го предводеше Михаела Матуела, директор на Директоратот за Западен Балкан во рамки на Генералниот директорат за соседска политика и проширување, а од македонска страна, министерот за финансии, д-р Фатмир Бесими. На состанокот учествуваа заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, министрите од Владата на РС Македонија, како и претставници од Генералниот директорат за Економија и финансии, и Директоратот за вработување и социјална политика.
Од страна на Михаела Матуела беше истакнато дека ваков формат на економски дијалог во регионот се води само со нашата земја, со што од наша страна се дава силен сигнал до ЕК за нашата посветеност за процесот на преговори, каде програмата за економски реформи има клучна улога и претставува оперативна алатка за спроведување на структурните реформи, кои се предуслов за користење на финансиските средства од Економско-инвестицкиот план на ЕУ за Западен Балкан.
Двете страни ја истакнаа важноста на дискусијата за заедничките заклучоци кои во рамки на Економско-финансискиот дијалог со ЕУ треба да се усвојат во мај оваа година.
