Македонија
Штипјани втор ден без вода за пиење, се чека дозвола од АХВ
18.02.2022 15:18
Од Јавното претпријатие „Исар“ велат дека се чека дозвола од Агенцијата за храна и ветеринаство, за граѓаните да можат да ја користат водата.

Штипјани втор ден не можат да ја користат водата за пиење и за готвење. Словенечки експерти работат на прилагодување на системот за хлорирање, а се очекува целата постапка да заврши викендов.
Од Јавното претпријатие „Исар“ велат дека се чека дозвола од Агенцијата за храна и ветеринаство, за граѓаните да можат да ја користат водата.
Жителите од цистерни се снабдуваат со питка вода. На лицата во изолација поради Ковид или од ранливите групи, флаширана вода им носат волонтери.
Штипјани водата можат да ја користат само како техничка, поради приклучувањето на цевководот на ХС Злетовица.
