Ковид-19

Се намалува пикот на четвртиот ковид- бран

21.02.2022 08:42

Здравствените власти оценуваат дека се намалува пикот на четвртиот бран и оти епидемиолошката состојба полека се подобрува. За евентуално олабавување на мерките за заштита ќе се чекаат резултатите од серолошкиот скрининг...

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава изнесува 7.595. Во изминатото деноноќие се направени 3.974 тестови, регистрирани се 668 нови случаи на ковид-19 и 81 реинфекции. Оздравени се 887, а пријавени се седум починати лица, сите со коморбидитети.

Според последниот билтен што го објави министерството за здравство, досега во земјава се направени 1.870.093 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, на починати изнесува 8.898.

Здравствените власти оценуваат дека се намалува пикот на четвртиот бран и оти епидемиолошката состојба полека се подобрува. За евентуално олабавување на мерките за заштита ќе се чекаат резултатите од серолошкиот скрининг.