Собрание

Законот за дивоградби на дневен ред на денешната собраниска седница

21.02.2022 08:55

Пратениците треба да расправаат и за измените на законот за царинската тарифа, за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација, и дополнување на законот за минимална плата во Република Северна Македонија, сите по скратена постапка.

Собранието денеска треба да ја продолжи 62-та седница со предлог на закон за ратификација на договорот за соработка во туризмот помеѓу владата на Република Северна Македонија и владата на Република Косово.

На дневен ред на оваа седница во прво читање се и предлог законот за регулирање на статус на дивоградбите, за инспекциски надзор во животната средина и за вршење сметководствени работи.

Пратениците треба да расправаат и за измените на законот за царинската тарифа, за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација, и дополнување на законот за минимална плата во Република Северна Македонија, сите по скратена постапка.

Собранието на седницата треба да расправа за измените на законот за тутун.