Предадена милионитата електронска здравствена картичка
Пензионерка од Скопје е сопственик на милионитата здравствена електронска картичка
Само во последниве два и пол месецa се поделени 400 илјади. До нова година сите граѓани ќе мора да поднесат барање.
-Уште 200 илјади граѓани немаат поднесено барање за здравствена електронска картичка. Од фондот за здравство велат, најдоцна до јуни сите граѓани мораат да ја имаат оваа електронска картичка.
Фондот за здравство годишно трошеше 10 милиони денари само за печатење на сините картони. На трошок беа изложени и фирмите и осигурениците кои поради стариот систем беа принудени да ги подигнуваат сините картони од подрачните служби.
-Тоа е годишно околу 60 милиони денари трошок кој што сме го имале не како фонд туку како компании, здравсвени установи, осигуреници бидејќи постоело сино картонче наместо да постои електронски податок вели Маја Парнарџиева- Змејкова - Директор на ФЗОМ
Уште 300 илјади изработени електронски здравствени картички треба да ги подигнат осигурениците и фирмите. Некои градови во земјава до крајот на годинава, здравствените книшки ќе ги заменат со електронски картички.
Андријана Атанасовска
