Свет

Кралицата Елизабета позитивна на ковид

21.02.2022 09:40

Кралицата има благи симптоми на настинка, и се очекува да ги продолжи обврските во Виндзор, соопштија од палатата.

Британската кралица Елизабета втора е позитивна на коронавирус, објави Бакингемската палата.

95-годишната монархиња, која на 6 февруари прослави 70 години на тронот, има благи симптоми на настинка, и се очекува да ги продолжи обврските во Виндзор, соопштија од палатата.