Свет
Во Виена се одржува конференција, целта е да се создадат сојузи за враќање на мигрантите
21.02.2022 09:50
Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер покани повеќе од 20 претставници на влади од ЕУ и од Западен Балкан.

Во Виена почнува конференцијата за „репатријација на мигранти“. Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер покани повеќе од 20 претставници на влади од ЕУ и од Западен Балкан.
Целта на дводневната конференција, е да се создадат сојузи за враќање на мигрантите кои имаат мали шанси за азил пред да стигнат до Централна Европа.
Идејата на австриското МВР е дека мигрантите, кои немаат шанси да добијат азил врз основа на нивното потекло, ќе бидат вратени директно од балканот.
