Ковид-19
Словенија ги укинува речиси сите антиковид мерки
21.02.2022 09:55
Доказ за прележан ковид, вакцинација или негативен тест ќе се бара само во здравствени установи, старечки домови и затвори.

Словенија од денеска ги укина речиси сите антиковид мерки, освен носењето маски во затворени простории. Доказ за прележан ковид, вакцинација или негативен тест ќе се бара само во здравствени установи, старечки домови и затвори.
Според владината одлука од сабота, нема повеќе ограничувања за бројот на луѓе во трговските центри, угостителските објекти и какви било настани. Укинати се и ограничувањата на работното време во угостителските објекти, а ноќните клубови може повторно да се отворат.
