Турција ја промовира новата платформа „Сите во Турција“
Една од водечките туристички држави во светот, Република Турција ја промовираше новата платформа насловена „Сите во Турција“, нудејќи онлајн курсеви, промовирајќи го туризмот во земјата. Платформата е дизајнирана да обезбеди лесен и едноставен пристап до најновите информации за историјата, културата, природата и потенцијалите на Република Tурција.

Богата со антички локалитети, уникатна убавина и несекојдневни дестинации, РепубликаТурција продолжува со своите промотивни активности и кампањи со цел приказ на својот огромен туристички потенцијал. Како една од најпосетуваните туристички земји во светот, Турција неодамна ја промовираше онлајн платформата за учење „Сите во Турција“, наменета за меѓународните туристички агенции, тур-оператори и туристички професионалци.
„All in Türkiye“ нуди онлајн курсеви за историјата, културата, природата и туристичките дестинации на Турција, обезбедувајќи можност за промовирање и пласирање на потенцијалите на државата на брз и ефикасен начин.
Професионалците за туризам- регистрирани на веб-страницата на платформата „All in Türkiye“ - (www.allinturkiye.com) ќе добијат онлајн обука за туризам и туристички дестинации и ќе имаат можност да ја истражуваат Турција преку фотографии, видеа, анализи икоментари.
Обуката, обезбедена преку онлајн платформата ќе има за цел да го подобри нивото на информации што вработените во туризмот ги споделуваат со своите клиенти, а со тоа да ја подобрат и нивната можност за заработка. Курсевите „All in Türkiye“, исто така, нудат ресурси за маркетинг и брендирање, дизајнирани да помогнат во продажбата на Турција на туристите. Напрофесионалците од индустријата кои успешно ги завршиле курсевите ќе им бидат доделени брендирани сертификати. До март 2022 година, се очекува вкупно 24 курсеви да бидат реализирани онлајн преку платформата.
