Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници

21.02.2022 12:16

Претставниците на асоцијацијата го запознаа претседателот Пендаровски со нивната работа и заложбите за создавање на услови за квалитетно едуцирање на туристички водичи и придружници, со цел обезбедување квалитетни и професионални услуги.

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници.

Претставниците на асоцијацијата го запознаа претседателот Пендаровски со нивната работа и заложбите за создавање на услови за квалитетно едуцирање на туристички водичи и придружници, со цел обезбедување квалитетни и професионални услуги.

Исто така, претставниците на асоцијацијата претставувајќи ги активностите во насока на подобрување на позицијата на водичите и нивната професија, посочија дека немаат регулиран статус, а со тоа и здравствено и пензиско осигурување.