Македонија

Костадиновска- Стојчевска: Јазикот и културата се столбовите на идентитетот на еден народ

21.02.2022 12:18

Јазикот е културно наследство, во кое се обединува духовната и материјалната култура на човештвото. Македонскиот јазик е најреферентното обележје на македонскиот народ. Да се занемари македонскиот јазик значи да се занемари естетиката на македонската историја, меморија и современост, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Обврската да го зачуваме и да го негуваме нашиот јазик не е само долг кон нашите предци и нашите потомци, тоа е обврска на сите што го љубат, го почитуваат и го негуваат македонскиот јазик, порача министерката за култура на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Таа го посети тријазичното основно училиште „Јашар Беј Шкупи“ каде учениците читаа песни од познати автори на нивниот мајчин јазик и ги изложија нивните цртежи на тема „Спој на културата и јазикот низ призмата на учениците“.

Јазикот е културно наследство, во кое се обединува духовната и материјалната култура на човештвото. Македонскиот јазик е најреферентното обележје на македонскиот народ. Да се занемари македонскиот јазик значи да се занемари естетиката на македонската историја, меморија и современост, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Токму затоа, како што посочи, ова училиште е одличен пример за почитување на правата на националностите, така што покрај македонскиот се изведува настава на албански и на турски јазик.

Во имплементирањето на интегрираното образование главна алка се заедничките активности преку кои децата се повеќе се запознаваат, ја запознаваат својата меѓусебна култура, својот јазик, а знаеме дека познавањето на секој јазик претставува непроценливо богатство, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.