Салса викенд во Скопје

03.04.2014 15:57

Во центарот на настаните се Ведран Марчета и Лејна Кариќ-Лубарда, актуелни светски прваци во салса и вице-прваци во аргентинско танго. Освен нив, учесниците на Скопје Салса Викенд ќе можат да танцуваат со инструктори од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, повеќекратни прваци во латино и стандардни танци...

Овој викенд нашата метропола на едно место ќе ги собере танц-асовите од светски калибар на првиот Скопје Салса Викенд. Три дена Скопје ќе игра во ритамот на салса, зумба, аргентинско танго, афро румба, салса руеда, регетон  и за прв пат на нашите подиуми – бачатанго и кизомба.
 
Во центарот на настаните се Ведран Марчета и Лејна Кариќ-Лубарда, актуелни светски прваци во салса и вице-прваци во аргентинско танго. Освен нив, учесниците на Скопје Салса Викенд ќе можат да танцуваат со инструктори од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, повеќекратни прваци во латино и стандардни танци. 
 
Низата настани кои ги организира танцовиот клуб Dancers United MK ќе почнат во петок, 4 април со забава во центарот на Скопје (Penguin Club), ќе бидат одбележани со гала-вечер во клуб Хавана и свечено ќе се затворат во недела, во просториите на танцовиот клуб Dancers United MK.
 
Влезниците се во продажба во просториите на Dancers United MK.