Стопанска комора: Дигитализацијата не е прашање на избор, туку на опстанок
Како што беше речено денеска на прес-конференција, за полесна дигитализација на компаниите, Стопанската комора преку Советот на напредни технологии овој и наредниот месец ќе одржи четири бесплатни вебинари, а темите ќе бидат продажба, производство, градежништво и финансии.

Македонските компани мора да ја забрзаат дигитализацијата за да се постигне поголема конкрентност на македонската економија. Стопанската комора го формира Советот на напредни технологии. Со бесплатни вебинари, консултанртските услуги и едукација ќе им се помага на фирмите да го дигитализараат своето работење. Според Комората, примената на напредните технологи и дигитализацијата веќе не е прашање на избор, туку на опстанок.
Како што беше речено денеска на прес-конференција, за полесна дигитализација на компаниите, Стопанската комора преку Советот на напредни технологии овој и наредниот месец ќе одржи четири бесплатни вебинари, а темите ќе бидат продажба, производство, градежништво и финансии.
Интернационалните компании кои работат и во земјава, ја имаат дигиталната агенда многу високо на својата приоритетна листа, но помалите компании кои главно функционираат со локален, релативно ограничен капитал, треба да ги засилат своите активности во оваа насока, рече претседателот на Советот, Никола Љушев.
Според Зоран Јовановски од Комората, постои потреба од добра координација на сите активности поврзани со дигитализацијата за ресурсите од економијата и помошта од државата за бизнис секторот да извлече максимален ефект.
