Македонија

Минималната плата денеска пред законодавно-правната комисија во Собранието

21.02.2022 12:51

Според владиниот предлог, минималната плата треба да се зголеми на 18 илјади, а да се имплементира со мартовската плата, исплатена во април. ВМРО-ДПМНЕ предложи амандмани со кои се бара усогласување и на платите.

Во собранието пред пратениците, предлог-законот за изменување и дополнување на законот за минимална плата, по скратена постапка.

Минатата недела го помина филтерот на Комисијата за труд и социјална политика. Потребата за носење на законот беше изгласана на 10 февруари со гласовите и на власта и на опозицијата.