НБРМ

Во јануари раст на депозитите и кредитите на годишна основа

21.02.2022 12:58

Во јануари има месечен пад на депозитната база од 0,8 проценти што во најголем дел се должи на падот во корпоративниот сектор, додека кредитите на месечно ниво остануваат непроменети.

Вкупните депозити на годишна основа се зголемени за 7,4 проценти, а вкупните кредити за 8,4 проценти- објави Народната банка. Во јануари има месечен пад на депозитната база од 0,8 проценти што во најголем дел се должи на падот во корпоративниот сектор, додека кредитите на месечно ниво остануваат непроменети.

Кај корпоративниот сектор, на месечно ниво депозитите бележат пад од 3,1 проценти, додека кај домаќинствата има минимален месечен пад од 0,1 процент.

Централната банка во Македонија посветено работи на унапредување на банкарската регулатива и вградување на најдобрите меѓународни практики и одредбите на европските директиви, со што се создаваат услови за одржување ефикасен и сигурен банкарски систем- по средбата оценија гувернерката Бежоска и претседателот на канцеларијата на Светска банка, Паолучи.

Соработаката ќе се продлабочува со вклучување на земјава во проекти со кој би се дијагностицирале зелените финансии во регионот. Според Бежоска, поставеноста на монетарната политика засега е оценета како соодветна на макроекономските услови, но јасна е потребата од внимателност, како и подготвеност да се реагира доколку се јави потреба.