Нареден месец драстичен пад на бројот на новозаразени
Наредниве две недели ќе има благ пад на инфицирани од Ковид- 19, велат епидемиолозите. За наредниот месец, најавуваат драстичен пад на бројот на новоинфицирани од коронавирусот...

Пикот е постигнат, наредниве недели ќе следи благ пад на новозаразени со Ковид-19, за од следниот месец да има нагло опаѓање на бројките, објаснува епидемиологот Олумчев. Тој очекува да имаме иста состојба како ланската пролет. Времето е топло, граѓаните ќе се дружат на отворено и на тој начин опасноста од зараза е помала. Во моментов, најмногу на удар се учениците и наставниците.
Доктор Олумчев вели скринингот е добра работа, но прашање е колку реална ќе биде сликата што ќе се добие, бидејќи имунитетот од прележување на ковид или вакцинација е со краток рок.
Планот на здравствените власти е со скринингот да се опфатат околу 4.000 граѓани - 1.000 во Скопје и 3.000 во останатите градови, што е доволен репрезентативен примерок за степенот на имунизација врз којшто потоа ќе се креираат и градат мерки за превенција.
Се проценува дека околу две недели ќе бидат потребни за обработка на податоците, кога ќе се знае моменталната состојба.
Наташа Јанчиќ Менковски
