Министрите Ставрески и Јанкиевски остварија средба со бизнис секторот во Прилеп
03.04.2014 16:14
Целта на овој состанок е да се согледа ситуацијата на терен и да се примат сугестии и предлози од страна на бизнис заедницата...
Денеска во работна посета на Општина Прилеп престојуваа Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за Транспорт и врски Миле Јанакиевски кои остварија средба со бизнис заедницата во Прилеп со цел да поразговаараат за досегашниот тек на годината и економските состојби во нивните фирми.
Министерот Ставрески рече дека буџетот е во добра ликвидност и дека сите плаќања ќе бидат навремени. Со оглед на тоа што состојбите во европската економијата постепено се стабилизираат се очекуваат подобри еконмски резултати ова година.
Целта на овој состанок е да се согледа ситуацијата на терен и да се примат сугестии и предлози од страна на бизнис заедницата.
Министрите воедно ја посетија и фабриката „Витаминка“.
