Арсовска: Медицинскиот отпад нема да се согорува несоодветно
Со ваквиот третман на медицинскиот отпад се заштитува животната средина и здравјето на луѓето.

Медицинскиот отпад повеќе нема да се согорува несоодветно и несовесно и да биде третиран како обичен отпад, вели скопската градоначалничка Данела Арсовска. Пуштен е во употреба нов стерилизатор за медицински отпад во депонијата Дрисла. Со ваквиот третман на медицинскиот отпад се заштитува животната средина и здравјето на луѓето, истакна Арсовска.
Стерилизатор ги задоволува дневните потреби и со него Дрисла станува современа депонија, рече директорот на Мицевски.
Градоначалничката на Скопје Арсовска повтори дека сè што е ветено во програмата за модерно Скопје ќе биде реализирано, вклучувајќи ја и набавката на нови автобуси за јавен превоз. Буџет за тоа нема, но набавка ќе има – рече Арсовска.
Марија Котовска
