Ковид-19
Австралија по две години ги отвори границите за странци
21.02.2022 14:33
Во Сиднеј и во Мелбурн славенички сцени по пристигнувањето на првите странски гости...

По две години, Австралија ги отвора границите за странци. Во Сиднеј и во Мелбурн славенички сцени по пристигнувањето на првите странски гости.
Посетителите со две дози вакцина не треба да одат во карантин, а невакцинираните патници мора да бидат затворени во хотел до 14 дена на свој трошок. Патниците можат да влезат во сите држави, освен западна Австралија, која останува затворена до 3-ти март.
Австралија ги затвори границите за туристите во март 2020 година со цел да го намали локалното ширење на Ковид-19.
