30- годишен охриѓанец го загуби животот во сообраќајна несреќа
Несреќата се случила во близина на селото Подмоље помеѓу патничките возила „ауди“ управувано од дваесет и четири-годишниот М.Л. Од општина Дебарца и фолксваген „поло“ управувано од Х.К.

Синоќа триесет и пет минути по полноќ на магистралниот пат Охрид-Кичево, делница каде што повеќе години наназад се изведуваат работите за автопатско решение се случи тешка сообраќајна незгода при што животот го загуби триесет-годишниот Х.К. од Охрид.
Несреќата се случила во близина на селото Подмоље помеѓу патничките возила „ауди“ управувано од дваесет и четири-годишниот М.Л. Од општина Дебарца и фолксваген „поло“ управувано од Х.К.
Возачот на аудито се здобил со телесни повреди, но веднаш по пуштањето од болница на домашно лекување е приведен поради сомнеж дека извршил кривично дело – тешки дела по безбедноста на луѓето во сообраќајот. По овој случај од СВР Охрид најавија уште поригорозни контроли со нулта толеранција.
