Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што лани можело да се купи за 18.000, сега треба со 19.200 денари

22.02.2022 09:09

Секој работник во Македонија има по минимум 1.000 денари помалку како резултат на инфлацијата сега, во однос на пред една година, велат од партијата.

Стапката на инфлација која ДЗР ја објави дека изнесува 6.7% сериозно ги нагризува платите. Секој работник во Македонија има по минимум 1.000 денари помалку како резултат на инфлацијата сега, во однос на пред една година, велат од партијата.

Додаваат дека таргет на инфлацијата се сите подеднакво, и помалите и повисоките примања. Токму затоа предложиле зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор, кој предлог СДСМ го одби.

Потребни се итни и суштински мерки. СДСМ покажа дека не може да ги спроведе, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.