Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ блокира поголеми плати за наставниците во Собранието

22.02.2022 09:25

Од партијата додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ намерно пласира дезинформации во јавноста во врска со овој Закон, лажејќи дека со ова законско решение нема да се зголемат платите во образованието.

Растот на минималната плата ќе доведе и до раст на останатите плати. Затоа се важни измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, што ВМРО-ДПМНЕ ги блокира цела година, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ намерно пласира дезинформации во јавноста во врска со овој Закон, лажејќи дека со ова законско решение нема да се зголемат платите во образованието, еден ден зборуваат едно, друг ден друго и дејствуваат на штета на граѓаните.