Ковачевски: Собранието да го донесе законот за минимална плата
Ги охрабрувам пратениците во Собранието и политичките партии да дадат поддршка и што поскоро да го изгласаат законот за минималната плата. Граѓаните од нас очекуваат ефикасност- напиша премиерот на својот Фејсбук профил...

Премиерот Ковачевски на својот Фејсбук профил ги повика пратениците и политичките партии во Собранието што поскоро да го изгласаат законот за минималната плата.
„Ги охрабрувам пратениците во Собранието и политичките партии да дадат поддршка и што поскоро да го изгласаат законот за минималната плата. Граѓаните од нас очекуваат ефикасност и не смееме да дозволиме одложување на носењето на ова решение кое од огромно значење за работниците со ниски примања во време на криза. Ја повикувам опозицијата и нејзините пратеници да дадат поддршка на оваа верзија на законот и кончено да демонстрираме заедништво за одлуки важни за граѓаните“, напиша премиерот на социјалната мрежа.
Платите ќе продолжат да растат и во иднина, исто како и пензиите бидејќи сега е време секој денар од буџетот да го насочиме за финансиска поддршка на граѓаните и стопанството, нагласува премиерот Ковачевски.
