Сообраќај

Засилените контоли продолжуваат, 294 сообраќајни прекршоци во Скопје

22.02.2022 09:34

Од МВР апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 294 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 96 санкции, 141 мерка за прекршоци што ги прават пешаците, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење мобилен телефон, 37 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.