ЕУ најави санкции против Русија
Во заедничката писмена изјава, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел остро ја осудија одлуката на рускиот претседател Владимир Путин...

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе усвојат санкции против Русија поради нејзиното признавање на украинските сепаратистички региони и натамошното распоредување на војници на територијата на Украина, изјави шефот за надворешна политика, Жозеп Борел.
„Сигурен сум дека ќе има едногласна одлука“- рече тој. Според него, попладнево се очекува одлука за санкции.
Во заедничката писмена изјава, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел остро ја осудија одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да продолжи да ги признава регионите Донецк и Луганск во Украина како „независни ентитети“.
Тие ја повторија непоколебливата поддршка на ЕУ за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.
