Политика

Ковачевски: Осуда за одлуката на Русија за признавањето на Донецк и Луганск

22.02.2022 11:40

Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат, вели премиерот Ковачевски...

Премиерот Димитар Ковачевски преку својот „Твитер“ профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „Народни Републики“.

„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени Народни Републики. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015. Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат“, напиша премиерот Ковачевски на социјалната мрежа.